Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев, на маратон во Пирин во Бугарија, го освои четвртото место во генерален пласман. Тој на својот фејсбук профил напиша дека е задоволен од овој резултат.
Официјалното време е 10:12:20 потребно за прошетката од 71 километар низ убавините и бруталносисте на Пирин и финиш на четвртото место во генерален пласман. Очекувано тешка, неочекувано претешка, но сепак на крај те остава без здив и посакуваш повторно и повторно да ја трчаш, вели Радев.
Тој посочува дека ова е трка во која за првпат се соочил со ситуација во која моменталната физичка спремност не можел да ја преточи во подобар резултат заради недоволна подготвеност за трчање по ваков технички терен, но сепак, како што вели, е бескрајно благодарен и среќен.
Последна голема трка за и тоа како посакуван конечен крај на оваа долга тркачка сезона, која и покрај 5 километар дополнително лутање по планината, и покрај менталните падови и блокови, сепак презадоволен од остварениот резултат, како на денешната трка, така и на секоја за оваа година, напиша Радев на својот фејсбук профил.
Инаку, Радев годинава го освои првото место на „Охрид ултра-трејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.