Почина професионалниот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски.
Веста за неговата смрт ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо.
Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани. Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар. Мирче мој, вечна ти слава, напиша Панчо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.