Легендарниот атлетичар во скок со стап и актуелен претседател на Украинскиот олимписки комитет Сергеј Бубка во својата прва реакција од почетокот на руската инвазија на неговата татковина се произнесе на Твитер со порака „Ќе победиме“.
– Ја сакам Украина со целото мое срце. Под нејзиното знаме ги освоив најголемите почести, напиша Бубка на социјалните мрежи. „Ќе победиме“, порача поранешниот светски рекордер, кој досега јавно не се експонираше.
Украинската легенда со писмо до претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, го овласти да ја координира хуманитарната помош за Украина од Лозана, каде се наоѓа седиштето на олимпиското семејство.
– Драги мои Украинци, олимпиското семејство не е рамнодушно на нашата болка. Како и секој Украинец, сега не можам да спијам. Својата земја ја бранам со сите средства, кои ми стојат на располагање, користејќи ги сите свои меѓународни врски, рече Бубка.
Првиот човек во историјата кој прескокна шест метри изрази благодарност за пораките со поддршка од целиот свет.
– Војната мора да престане, мирот и човечноста мора да надвладеат, додаде Бубка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.