Светскиот рекет број 1, Јаник Синер (Италија) нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Ова го објави самиот тој на социјалната мрежа Х.
Причината за неговата одлука е тоа што боледува од тешко воспаление на крајниците.
-Со големо разочарување морам да соопштам дека, за жал, нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. По добра недела тренинзи, почнав да се чувствувам полошо. Докторот откри дека имам тонзилитис и ме советуваше да не играм, напиша Синер.
Пропуштањето на Игрите, продолжи тој, е големо разочарување бидејќи тие биле една од неговите главни цели за сезоната.
-Среќно за сите италијански спортисти за кои ќе навивам од дома, додаде тој.
Синер требаше да се натпреварува во сингл и во двојки.
Тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 27 јули до 4 август
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.