Софија Жук беше една од најперспективните светски тенисерки, а дури ја споредуваа и со Марија Шарапова, но сепак, на крај, го напушти тенисот и се посвети на платформите со содржини за возрасни.

Нејзината кариера беше на врвот кога успеа да триумфира на јуниорскиот турнир на Вимблдон во 2015 година, кога светот го виде нејзиниот талент. Руската тенисерка се „прошета“ по тревата на Ол Ингланд клубот, со тоа што не загуби ниту еден сет во текот на целиот турнир. Сепак, кариерата јка заврши во 2020 година поради повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofya Zhuk (@sofya_zhuk)

Можеби ќе се вратам за неколку години. Се занимавам со манекенство, но барам нешто друго на страна“, напиша таа на својот Инстаграм профил во круг прашања и одговори во кои призна дека го напушта тенисот.

Поради тоа, таа на 23 години тој отвори сметка на „ОнлиФанс“ каде што стана вистинска сензација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofya Zhuk (@sofya_zhuk)

Дојде моментот за кој се прашувавте и чекавте. Отворив сметка на „ОнлиФанс“. Нема да има голотија, затоа не се вклучувајте ако само тоа ве интересира, но ќе има интересна содржина. Ќе ставам линк кога се ќе биде готово“, напиша таа во стори на Инстаграм во која се појави во бела долна долна облека и со откриен дел од градите.

Таа често објавува сензуални фотографии со секаква облека, бикини, топлес или со автомобили од високата класа. Жук има долга листа на следбеници од над 127.000 луѓе. Таа, исто така, има профил и на ТикТок, каде што објавува видеа што ги гледаат речиси 13.000 луѓе.

@sofya_zhuk99 Having a little fun🤪 #fyp #foryoupage #dance #girls #lifestyle ♬ love nwantinti (ah ah ah) – CKay

Кариера како тенисерка

Додека беше тениска професионалка, Русинката имаше биланс од 123 победи и 66 порази во сингл. Таа во текот на кариерата успеа да заработи речиси 400.000 долари, а нејзината највисока позиција на рангирањето беше 116 место. Повредите на грбот поради проблеми со апсорпцијата на протеини го сопреа талентот на тенисерката која ја споредуваа со Шарапова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.