Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) соопшти синоќа дека 44. шаховската Олимпијада нема да се одржи во Москва, како последица на руската инвазија на Украина.

На вонредниот состанок донесовме одлука сите планирани натпреварувања да ги дислоцираме од Русија. Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот да ја донесе оваа тешка одлука, се наведува во соопштението на ФИДЕ.

Покрај Олимпијадата, на која од 26 јули до 8 август во Москва требаше да настапат шахисти од 190 држави, во руската престолнина требаше да биде одржан и годишниот конгрес на ФИДЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.