Продадени се рекордни 12 милиони билети за Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година, надминувајќи го рекордот на Игрите претходно поставен од Олимпијадата и Параолимпијадата во Лондон 2012 година, објавија денеска организаторите.

Продадени се околу 9,5 милиони билети за Олимписките игри и 2,5 милиони за Параолимписките игри кои завршуваат денеска.

Организаторите од Лондон во 2012 година поставија рекорд на Параолимписките игри со продадени 2,7 милиони билети, но само 8,2 милиони беа продадени за Олимписките игри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.