Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија. Јосиф Малински (15) освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а Марио Брезовски (14) беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг“.
Од Триатлон федерацијата им честитаат за успехот и им посакуваат уште многу успеси и мотивација за понатамошната работа и вложување.
Ова е голем успех за нашите триатлонци. Работиме напорно, се трудиме да го донесеме триатлонот рамо до рамо барем со балканските земји, гледајќи перспективно и подалеку. Патот не е едноставен, ресурсите се многу ограничени, но ентузијазмот е тој што не држи на оваа патека. Имаме генерации младинци што можат многу да постигнат, ние, а и државата треба да им помогнеме да го остварат тоа – вели Данчо Ѓорѓијевски, селектор на триатлон репрезентацијата и основач на клубот „Триоги рејсинг“.
Македонската репрезентација на Балканското првенство успешно ја претставија и: Бобан Јаневски, Филип Здравев, Варвара Атанасовска (Триоги рејсинг – Скопје) Матео Мачоски и Тија Кукунешоска (3Disciplines од Струга) и Стефан Делев (ТК „Софка“).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.