Денес, во хотелот Дабл три во Скопје ќе се одржи промоција на монографијата на нашиот спортски великан, Шабан Сејдиу – „Шабан Сејдиу – Сјајот на ѕвездата“.
Промоцијата е закажана за 13 часот.
На (31 јули) 1980 година е освоен првиот медал во борење слободен стил на Олимписките игри, тоа е бронзениот медал на Шабан Сејдиу кој го освои на Олимпијдата 1980 година во Москва.
Сеиди го повтори успехот и на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година кога пак го освои бронзениот медал.
Во кариерата Шабан Сејдиу освоил повеќе медали, кој во тоа време е член на БК Скопје.
Најдобри резултати му се 4 златни медали (1974–1979) и 1 сребрен на шест младински балкански првенства слободен стил; на единаесет европски првенства (1975–1987) – сребрен во Познањ (Полска, 1976), златни во Бурса (Турција, 1977) и во Будимпешта (Унгарија, 1983); на светските првенства (1975–1987) – 2 младински и 4 сениорски, сребрени медали во Лас Вегас (САД, 1977), Лозана (Швајцарија, 1977) и Скопје (1981); од четири Медитерански игри (1975–1987) – златни медали во Алжир (1975) и Сплит (1979), а од четири настапи на Олимписките игри (1976–1988) – бронзени медали во Москва (СССР, 1980) и во Лос Анџелес (САД, 1984).
За сите кои што нема да можат да присуствуваат, Македонскиот Олимписки комитет обезбеди видео пренос од настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.