Националната пливачка федерација оваа манифестација ја организира четврта година по ред. Прогласени се и победниците од Македонскиот куп во далечинско пливање и најдобрите пливачи од Зимското национално првенство во пливање.
Евгениј Поп Ацев е најуспешен во сениори Маратонско пливање, додека за најуспешен клуб врз основа на резултатите постигнати од двете национални првенства е прогласен пливачкиот клуб Вардар 2018.
Томи Стефановски, поранешниот македонски пливач ги додели наградите за најуспешните пливачи во Македонскиот Куп во далечинско пливање.
(од 12 до 14 години) Софија Стефановска, ПК Нептун и Давид Трпчевски, ПК Делфин
(од 14 до 18 години) Ангела Смилевска, ПВК Орион и Михаил Велков, ПК Нептун
(над 18 години) Јана Костадиновска, ПК Младост, Александар Илиевски, ПК Нептун и Евгениј Поп Ацев, ПК Вардар.
Најуспешни пливачи за 2022 година –
СЕНИОРИ:
МАЖИ-Стојановски Андреј ПК Нептун
ЖЕНИ-Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
МЛАДИНЦИ:
МАЖИ-Стојановски Андреј ПК Нептун
ЖЕНИ-Блажевска Еминова Миа П.В.К.Орион
КАДЕТИ:
МАЖИ-Јанковски Јован П.В.К.Орион
ЖЕНИ-Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018
ПОСТАРИ ПИОНЕРИ:
МАЖИ-Славковски Огнен П.В.К.Орион
ЖЕНИ-Анастасовска Сара ПК Нептун
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:
МАЖИ-Цеков Влатко ПК Вардар 2018
ЖЕНИ-Миленковска Неда ПК Младост
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.