Овој викенд и официјално започнаа натпреварите во новата категорија која што ја воведе ППФМ во јануари 2023 година, а тоа е категоријата за деца помлади од 11 години. Оваа категорија се воведе со цел да се посвети повеќе внимание на младите таленти и да се мотивираат уште од рани години.

На турнирот Телеком Мастерс 1 У11 што се одржа за прв пат во Прилеп на 18.02.2023 учествуваа околку 30тина нови таленти од кои првите места ги освоија следните:
Мини кадети
1 место Кристијан  Митев   ППК Пелагонија, Битола
2 место.Андреј Бејковски ППК Пелагонија, Битола
3 место.Јован Пармачки     ППК Зегин Берово, Берово
3 место Дарис Мемиќ       ППК Патриоти, Велес
Мини кадетки
1 место Љубица Смилевска ППК Крушево, Крушево
2.место Елена Маркоска        ППК Крушево, Крушево
3 место Ана Смолиќ                ППК Рисови, Скопје
3 место Натали Бејковска     ППК Пелагонија Битола

Овој викенд исто така се играа и регуларните турнири Телеком Мастерс 1 во категорија до 19 години на 18.02.2023 во Прилеп и до 13 години на 19.02.2023 во Прилеп. Победници беа следните:
Јуниори
1 место Нико Доага              Младост, Прилеп
2 место Борис Секулов        Астраион, Струмица
3 место Даниел Главевски Пелагонија, Битола
3 место Лука Стојчев.           Шампиони ФА, Штип

Јуниорки
1 место Софија Хасану           Младост96, Прилеп
2 место Сара Стојановска.    Крива Паланка, Крива Паланка
3.место Емилија Маркоска     Младост96, Прилеп
3.место Изабела Ковачевска  Зегин Берово, Берово

Резултати У13 машки


1 место Кристијан Каламадевски-Зегин Берово, Берово
2 место Трајче Маркоски-Младост, Прилеп
3 место Мартин Ристески-Младост96, Прилеп
3.место Кристијан Митев -Пелагонија, Битола
Резултати У13 девојчиња
1 место Моника Стајковска, Зегин Берово
2 место Матеја Смолиќ, Рисови, Скопје
3 место Сара Ризовска Зегин Берово, Берово
3 место Лена Гидалова Рисови, Скопје

Наредната недела се продолжува со Телеком мастерсите за У15 и сениорскиот втор Телеком мастерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.