Денеска, 20 септември, е последниот ден за пријавување на учество на јубилјениот 20. Виз Ер Скопски маратон. Пријавувањето се затвора на полноќ вечерва (20.09.2024). Заради големиот интерес и ограничените места, можно е пријавувањето да биде затворено порано, ако се пополни предвидениот број на учесници.

На 06.10.2024 (недела) Виз Ер Скопски маратон својот значаен 20ти јубилеј односно првите две децении од постоењето на омилениот спортски настан во државата, ќе го одбележи заедно со најупорните, најхрабрите, најенергичните тркачи, со пријателите, со партнерите, со сите љубители на светот на трчањето и од земјата и од странство.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон очекуваат рекорден број учесници, бидејќи веќе се пријавени над 13.000 тркачи од повеќе од 55 земји, кои ќе дојдат во Скопје за да ја искусат оваа уникатна тркачка авантура. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година со 12.500 тркачи на тогашното издание на маратонската манифестација.

Секој маратонец и полумаратонец на финиш ќе добие медал со мотивите од Скопје како спомен за една успешно завршена трка, додека учесниците на Штафетниот маратон добиваат медали кои симболизираат целина и тимски дух.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.