Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од денес до недела ќе се одржи 47-то издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Чајка“.

Годинава турнирот има интерконтинентален карактер. Покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и селекциите на Грција, Египет и Јапонија.

Секој ден ќе се играат по два натпревара во термините од 17:30 часот и 20:15 часот. Македонската репрезентација трите дена ќе игра во подоцнежниот термин. Вечер ќе се соочи со Јапонија, утревечер со Египет, а в недела со Грција.

Овие натпревари ќе бидат генерална проба за македонските одбојкари во пресрет на Европското првенство чии ко-домаќин ќе биде Скопје од 30 август до 6 септември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.