Со натпреварот меѓу кодомаќинот Италија и Белгија вчера почна. Европско првенство за одбојкари на кое на картата домаќини меѓу осумте градови е и Скопје.
Скопје е домаќин на групата Ц во која противници на македонската одбојкарска репрезентација се селекциите на Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска.
Воведниот натпревар на ЕП македонските одбојкари ќе го одиграат утре од 20 часот против Данска во салата „Борис Трајковски“, по што следуваат дуелите против Црна гора (2 септември), Полска (3 септември), Холандија (5 септември) и Чешка (6 септември).
Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Хрватска, Финска, Словенија, Шпанија и Украина, додека групата Д ја сочинуваат Франција, Грција, Израел, Португалија, Романија и Турција.
Пласман во нокаут фазата ќе обезбедат најдобрите четири репрезентации во секоја група.
Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во Бари и Варна, додека завршницата во борбата за медали ќе се игра во Рим.
Натпревари од групната фаза ќе се играат и во Перуџа, Анкона и Тел Авив
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.