Чешката тенисерка Петра Квитова и двојна освојувачка на Вимблдон објави дека е бремена и поради тоа кариерата ќе ја стави на пауза.

Радосната вест Квитова ја објави утрово, во првиот ден од новата година.

„На овој прв ден од 2024. сакам да ви посакам среќна нова година и со вас да споделам среќна вест. Јири и јас ова лето ќе добиеме бебе во нашето семејство“, објави 33-годишната тенисерка на својот Инстаграм профил.

Во овој момент 17. тенисерка во светот се омажи за својот тренер, Јири Венек во јули 2023 година.

„Иако ќе го пропуштам своето годишно патување во Австралија и натпреварувањето во спортот кој го сакам, се радувам што ќе се подготвуваме за ново поглавје во нашите животи“, додаде освојувачката на Вимблдон од 2011. и 2014. година.

Вкупно во кариерата Квитова во поединечна конкуренција освои 31 ВТА титула.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.