На 08.09.2024 во период од 09:00 до 16:30 часот во мавровското село Леуново, по повод државниот празник 8 септември, ќе се одржи традиционална велосипедска трка на која ќе учествуваат повеќе категории на натпреварувачи.
На овој патен правец во тој период сообраќајот ќе биде целосно блокиран, а за безбедноста на учесниците и гледачите покрај редарите на организаторот, во поголемиот дел ќе се грижат полициски службеници со возилата од Секторот за внатрешни работи-Тетово, кои ќе бидат ангажирани за оваа цел.
СВР-Тетово ги повикува учесниците на трката да се придржуваат до знаците и другите уреди поставени од организаторот и возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.