Меѓународната боксерска организација (ИБА) на италијанската боксерка Андела Карини, која го загуби осминафиналето од Алжирката Имане Келиф, ќе и додели парична награда како да е олимписка шампионка, најави претседателот на ИБА, Умар Кремљев.
Не можев да ги гледам нејзините солзи. Не сум рамнодушен на ваквите ситуации и ве уверувам дека ќе го заштитиме секој боксер. Не ми е јасно зошто го убиваат женскиот бокс, рекол Кремљев, цитирана од италијанската „Агенција нова“.
Италијанската боксерка во четвртокот го предаде осминафиналето на Келиф по 45 секунди поради „нејасниот пол на противничката“.
Карини и Келиф си размениле неколку удари, пред италијанската боксерка да ја предаде борбата по силните удари во лицето и главата.
По прогласувањето на победникот, Карини не и подаде рака на противничката, туку падна на колена во рингот и заплака.
Карини изјави дека се откажала од борбата поради силни болки во носот, бидејќи никогаш не била толку силно удирана во рингот.
ИБА е федерација која не е призната од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) од 2023 година, иако нејзината суспензија датира од 2019 година.
Федерацијата немаше никаква улога во квалификациите и организацијата на боксерските настани на овогодинешните Олимписки игри, ниту на Игрите во Токио 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.