Мечувалката на Хонг Конг, Вивиан Ваи Ман Конг, блесна и го освои златото кое многу веројатно е дека ќе биде највредното на овие Игри.

Вивиан која има 30 години го освои првиот голем медал во кариерата и тоа злато на ЛОИ. Кинеската провинција од 1952 година учествува на ЛОИ, а ова е само трето злато во нивната историја.

Од Хонг Конг најавија дека освоено злато на спортист под тоа знамето ќе вреди неверојатни 768.000 долари, колку што и е премијата која треба да ја добие Вивиан по враќањето во својата земја.

Освен Хонг Конг, слични парични награди ветија и од Саудиска Арабија, но засега спортисти од оваа земја немаат освоено злато на Игрите во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.