Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах поради гафот за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Таму, Јужна Кореја беше погрешно претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите. – Побаравме и од МНР да испрати протестна нота до Франција – се наведува во соопштението на јужнокорејското министерство, како што пренесува агенцијата Јонхап. Олимпискиот спортски комитет на Јужна Кореја поднесе жалба до организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз за да спречи повторување на слични случаи.
Додека јужнокорејската делегација се возеше на брод по Сена на церемонијата на отворање на Олимписките игри, францускиот најавувач преку разглас објави – Демократска Народна Република Кореја – што е официјалното име на Северна Кореја.
Am I tripping or they called South Korea as “Democratic People’s Republic of Korea” instead of “Republic of Korea” at #Parish2024 Opening Ceremony? pic.twitter.com/E94fk0ponK
— Meraclo Spratlys (@MeracloSpratlys) July 26, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.