Еден од најпрепознатливите брендови на Охрид е Охридскиот пливачки маратон. Традиција која трае од 1962 година и кој за маратонците од целиот свет е важно како Олимпијада или Светско првенство згаснува.

Вчера претседателот на Пливачката федерација Горан Стојановски и претседателот на државата Стево Пендаровски насмеани објавија дека годинава маратонот нема да се одржи.

Причина е лошата финансиска состојба на Федерацијата и замрзната состојба. За волја на вистината во Пливачката федерација состојбата навистина е хаотична но тоа не е никаква пречка манифестацијата да се одржи.

Иронијата да биде поголема, покровител на маратонот е институцијата претседател на Македонија. Со тоа Пендаровски станува првиот претседател од „Cеверна“ кој нема да го додели пехарот на победникот.

А победници на маратонот се легенди на маратонското пливање како Атина Бојаџи, Нико Нестор, Теодора Раптис, Едит Ван Дајк, Петар Стојчев, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев….

Сево може да остане историја на која ќе се секаваме. Охридскиот маратон од основањето во 1962 година беше возобновен во 1992 година кога околу беснееја војни. Не се одржа само во 2020 година кога имаше светска пандемија и годинава кога на власт се СДСМ и Стево Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.