По два дена пауза, и првата победа на Европското првенство против Данска македонските одбојкари, кои вечерва против Црна Гора од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат вториот натпревар во рамки на групата Ц во Скопје.

Откако ја совладавме Данска со 3 -1 пред нас е можност за историски пласман во осминафиналето, а со победа над Црна Гора избраниците на Јошко Миленковски речиси сигурно ќе обезбедат место во нокаут фазата која ќе продолжи во Бари.

Со вечерашниот дуел ќе се комплетира второто коло во групата Ц во која Полска вчера ја совлада Холандија со 3-1 во сетови, а со идентичен резултат Чешка беше поуспешна од Данска.

Полска води на табелата со максимални шест бодови и сет количник 6-1, а македонската репрезентација е второпласирана со три бодови (3-1). Холандија е на третото место со три бодови (4-3), пред Чешка 3 (3-4), Црна гора 0 (0-3) и Данска 0 (2-6).

Пласман во осминафиналето ќе обезбедат четири најдобро пласирани репрезентации во групата Ц која се игра во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.