Белорускиот хокеар Константин Колцов ненадејно почина во 43 година од животот, додека ја придружувал својата девојка, славната тенисерка Арина Сабаленка, за време на турнир во Мајами.

Сега се појавија и неофицијални информации за причината на смртта на познатиот белоруски спортист.

Како што пишуваат белоруските медиуми, во прашање е тромбоемболија на белите дробови. Попрецизно, едно крвно згрутчување се одвоило и патувало низ крвоток, правејќи штета на органите на Колцов и за жал му немало спас. Засега нема информации дали Колцов претходно имал некои здравствени проблеми додека сите очекуваат да се огласи тенисерката чиј живот за жал го обележале трагедии, со оглед на тоа дека неодамна остана и без татко и.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.