Македонскиот ММА борец, Бобан Илиоски, ја продолжи добрата форма и на натпревар во Белгија славеше против Леви Кујкен во К1 до 85 килограми. Борбата се одржа на „Фајт најт топ екшн“ во Турнхоут, Белгија.

Илиоски во овој период е во Холандија каде што се подготвува за ВАКО Про Арена фајт турнирот кој на 24 март ќе се одржи во Будва.

Станува збор за турнир на кој ќе појават најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 килограми во дисциплината К1 (три рунди по три минути).

Оваа борба Илиоски ја одработи како проверка на формата и се покажа како успешен тест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.