Словенечкиот тениски судија Марко Дуцман е суспендиран на период од 10 години и шест месеци поради обложување и манипулирање со податоци на натпреварите на кои самиот бил арбитер, објави Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).
„Дуцман, официјален меѓународен судија, призна четири случаи на кршење на Тениската програма за борба против корупцијата (ТАЦП), вклучувајќи обложување на тениски натпревари и манипулирање со податоци на натпревари на кои самиот судел, а со цел да го олесни обложувањето“, се наведува во соопштението на ИТИА.
Дуцман е казнет и парично до 75.000 евра.
ИТИА наведе дека словенечкиот тениски судија „во целост соработувал во истрагата“ и ја прифатил казната, одрекувајќи се од правото на жалба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.