Maкедонската таеквондистка Милијана Рељиќ загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз во категоријата до 57 килограми и со тоа го заврши својот настап на ЛОИ. Нашата таеквондистка заврши меѓу осумте најдобри на игрите во Париз, а по нејзиниот настап даде и кратка изјава за Македонскиот олимписки комитет.

Бевме одлично подготвени. Ги слушав советите на тренерот и успеавме да добиеме една борба. Во борбата со Либанката ми недостигаше малку спортска среќа. Сепак, тука не застануваме и продолжуваме кон нови успеси и победи, изјави Рељиќ.

Слично размислува и нејзиниот тренер Ефтимов, кој вели дека иако не освоиле медал, успеале да ја обединат Македонија.

Не освоивме медал, но ја обединивме Македонија. Падна двократната олимписка шампионка Џејд Џонс, изјави Ефитмов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.