Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Сојузот на спортски федерации, традиционално на крајот на годината прогласуваат најуспешни македонски спортисти, а синоќа тоа го направија и за изминатава 2022 година.

„Спортот зближува и обединува, спортот е заедничка пасија за сите. Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со максимална поддршка за секој еден спортист, за секој спортски клуб, за младите спортисти како иднина на македонскиот спорт. Со гордост можеме да кажеме дека спортот си го наоѓа својот пат и заслужува да биде ставен на пиедестал со целосна поддршка, истакна директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

„Драго ни е што оваа година се ракувавме и им честитавме на успесите на младите спортисти кои се наша надеж и наша иднина. Среќни сме што куќата на спортот годинава ги пречека најуспешните во различни спортови кои заслужиле да бидат и главна и ударна вест во македонските медиуми. Спортистите играат со срце. Секогаш. И кога победуваат, но и кога губат. На теренот, во играта, во натпреварот, тие даваат сѐ од себе. Не се штедат. Затоа не треба и ние“, додаде Мојсовски.

По сумираните гласови од сите национални спортски федерации, спортските редакции, како и членовите на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт, на свечена церемонија прогласени беа спортистите за 2022 година во следниве категории:

Спортист на годината: Владимир Егоров – борење

Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова – спортско парастрелаштво

Наградите на Егоров и на Наковска-Бикова им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски.

Великан на македонскиот спорт:

Кирил Лазаров – ракомет

Горан Пандев – фудбал

Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија

Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс

Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација

Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација

Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс

Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс

Подвиг на годината:

Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро

Харис Беќири – еверестинг – најтешко искачување

Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим

Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга

Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.