На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот.

Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија.

Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.