Наталија Стевановиќ ги маѓепса сите со насмевка и позитивен став на Вимблдон. Тоа добива на важност особено кога ќе размислите низ што поминала на патот до успехот и колку била блиску до тоа да не игра повторно тенис.

Пред осум години поради цистите кои и се појавија го оперираше црниот дроб, а опоравувањето било  долго. Година и половина не можела да игра ни тенис, бидејќи, како што рекла, „половина од стомакот и бил исечен“.

-Кога го доби тоа заболување на црниот дроб, докторот рече дека не мора да ја оперира, дека можеби ќе може да ја излечи со лекови, но дека ќе бидат потребни две до три години и дека нема врска со тенис. Таа веднаш кратко му рекла на докторот: „Пресечи ме“. Таа сама побара операција за да може да игра тенис. Имаше многу солзи радосници кога влезе во главната ждрепка на Вимблдон, бидејќи успеа по толку мака… Само ние знаеме што се случи – вели таткото Ѓорѓе Костиќ.

Наталија вели дека парите од Вимблдон ќе ги потроши да ги вратат долговите и малку да „проживеат“ со сопругот кој и е и тренер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.