Евгениј Поп Ацев е победник на пливачката трка одржана на патеката во должина од 2,5 милометри од Горица до Охрид.

Поп Ацев триумфираше во драматична завршница со време 29:02:71 минути, пред Никола Ѓуретановиќ кој на целта стигна втор со време 29:02:98. Третото место го освои Кристијан Стојановски со време 29:23:46.

Во женска конкуренција победи Ивана Неделковска (31,33,80), пред Јована Неделковска (33.07,11) и Росана Гошева (37.59,32).

Маратонот помина во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално на Охридското Езеро по 44. пат.

Илинденскиот пливачки маратон е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.