Полската тенисерка Ига Швјонтек проговори за приоритетниот турнир за неа оваа сезона.

– Искрено, мислам дека Олимписките игри во Париз се приоритет за мене. Но, има уште толку многу турнири пред нас што навистина не се фокусирам на нив. Тие се на различен план, дури и на различен континент. Сепак одам чекор по чекор, бидејќи има уште многу време до Олимпијадата, изјави Швјонтек за „The Tennis Letter“.

Швјонтек периодов се наоѓа во САД каде настапува на ВТА турнирот на тврда подлога во Мајами

Првиот светски рекет годинава ги освои турнирите во Индијан Велс и Доха.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.