Руската ѕвезда Анастасија Пављученкова ја критикуваше австралиската публика. Светската тенисерка 46 загуби во три сета, но се пожали дека е тешко да се концентрира на теренот број шест поради џагорот на навивачите кои постојано и мјаукаа.

Пављученкова беше особено вознемирена затоа што гласните навивачи ја забележаа тетоважата со Meow на нејзината нога и ја исвиркаа за време на натпреварот.

– Беше многу гласно, буквално како во ресторан, луѓето зборуваа и јадеа и пиеја . Не знам дали воопшто го гледаа натпреварот. Имаше неколку момци, мислам дека се опијанија и почнаа да врескаат и да мјаукаат, мислам дека тоа е затоа што ја имам оваа тетоважа на ногата или само затоа што испија неколку пијачки и навистина ми го одвлекува вниманието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.