Вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е изненаден од подлогата на централниот терен на Синсинати.

 

Србинот ноќеска го забележа победа над Алехандро Давидович-Фокине кој го предаде мечот по првиот сет.

 

За Ѓоковиќ ова беше прв натпревар во САД од 2021 година.

 

– Тешко е да се суди по само еден одигран сет. Немаше многу размени од основната линија. Имав два брејка, изгубив еден. Имаше позитивни, имаше и негативни моменти. Но, се беше очекувано. Ќе ми требаат неколку серии за да започнам сериозно движење во вистинската насока. Бев изненаден од тоа колку е брз теренот, како топката лета низ воздухот. Топките овде се многу живи. Ова не беше случај за време на тренингот. Тешко е да се контролира топката на централниот терен. За другите не знам. Се надевам дека како што ќе напредува турнирот, ќе почнам да се чувствувам поудобно, истакна Ѓоковиќ.

 

Во следното коло Ѓоковиќ ќе се соочи со Гаел Монфилс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.