Константин Колцов, поранешен белоруски професионален хокеар и момче на тенисерката Арина Сабаленка, почина на 42-годишна возраст, објави  рускиот клуб Салават Јулаев.

Колцов играше за Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина делови од три сезони со Питсбург пингвинс од 2002 и 2006 година.

Беше силна и весела личност, сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите. Константин Евгениевич засекогаш влезе во историјата на нашиот клуб.Почивај во мир-објави клубот.

Не се познати причините за смртта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.