Првиот ден од месец октомври во атлетските календари уште од почетокот на годината е резервиран за најголемата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа маратонска трка е сертифицирана од страна на АИМС и Светска Атлетика. 19. издание на Виз Ер Скопски маратон е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, каде што со завршувањето на маратонот секој натпреварувач освојува поени во соодветната категорија. Најдобрите во светот можат да обезбедат учество на Светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго на 8 октомври оваа година.
Учесниците можат да се пријават на традиционалните трки (маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и трката на 5км) на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.
Секој оној кој што сака да биде дел од најмасовната спортска манифестација, има можност да го пријави своето учество до 25 јули кога завршува и вториот бран за пријавување. Финалниот рок за пријавување на маратон, полумаратон, штафетениот маратон и трката на 5км е на 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при пријавување ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.
За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.
Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт, Делегација на Европската Унија и Град Скопје.
Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.
Подетални информации поврзани со маратонот може да се најдат на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и офцијалните профили на Виз Ер Скопски маратон на социјалните мрежи www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.