Анастасија Мојсовска денеска настапи на ЛОИ во Париз. Во нејзиниот прв настап, таа се натпреваруваше во дисциплината 10 метри со воздушна пушка.

Мојсовска не успеа да се најде на првите осум позиции кои носат пласман во финалето во оваа категорија.

На крајот по шестте сесии заврши на 31-то место во конкуренција на 43 натпреварувачки. Мојсовска која е државен рекордер на Македонија, го заврши натпреварувањето со 625,3 поени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.