„Разочарав многу луѓе“, изјави денеска американскиот тенисер Тејлор Фриц, откако загуби во неделното финале од Италијанецот Јаник Синер и не успеа да стане првиот домашен тенисер кој триумфирал на Ју Ес Опен во Њујорк, по Енди Родик во 2003 година.
Фриц, кој беше 12 носител на грен – слемот во Њујорк, беше немоќен во дуелот против првиот светски рекет и го загуби финалето со максимални 3-0 во сетови (3-6, 4-6, 5-7).
„Американските навивачи веќе долго време сакаат шампион на машкиот турнир машки шампион, а јас сум едноставно, не знам, прилично сум вознемирен од начинот на кој играв. Чувствувам дека изневерив многу луѓе“, рече Фриц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.