Австралијците Метју Ебден и Џон Пирс ја освоија титулата во машки двојки на тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз.

Ебден и Пирс ги победија четвртите носители Ражев Рам и Остин Крајчек (САД) во финалето со 6:7(6), 7:6(1), 10:8 за нешто повеќе од два часа на теренот.

Ова е само второ олимписко злато на Австралија за мажи во двојки, откако Тод Вудбриџ и Марк Вудфорд победија во Атланта 1996 година.

Пирс го додаде златото на бронзата во мешани двојки што ја освои со Ешли Барти на Игрите во Токио.

Ебден се искачи на врвот на светската ранг-листа во двојки во февруари, откако ја освои титулата на Австралија опен со Рохан Бопана, и моментално е третопласиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.