Македонската Дејвис куп репрезентација попладнево забележа победа против Косово со 2:0 во мечот за опстанок во Третата Европска зона што се игра во Улцињ.
До двата поена Македонија стигна по двете сингл победи.
Во првиот меч Берк Бугариќ го совлада Мал Агуши со 2:0, по сетови 6;2 и 6:1.
Во вториот меч Шендрит Деари го совлада Јасин Јакупи со 2:1, по сетови 6:4, 1:6 и 6:3.
Мечот во двојки нема да се игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.