Македонската одбојкарска репрезентација во Струмица загуби од Естонија со 3:1 во првото коло на Европската златна лига.
Македонските одбојкари го добија само вториот сет со 25:14, а гостите првиот со 25:23, третиот со 25:19 и четвртиот со 25:22.
Резултати на другите натпревари одиграни вчера:
Романија – Азербејџан 3:0
Хрватска – Финска 3:1
Луксембург – Португалија 0:3.
Следниот натпревар македонската репрезентација ќе го има утре, со Чешка, исто така во салата „Парк“ во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.