Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Јапонија со 0:3 (20:25, 18:25 и 20:25) во 1. коло на 47-то издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Чајка“.
„Црвено-жолтите“ беа немоќни да ја разбијат јапонската одбрана и како што рече по натпреварот капитенот Никола Ѓоргиев, „очигледно не ни одговара нивната игра“. Токму селекцијата на Јапонија изминатиот период спарингуваше со македонската репрезентација и забележа три победи во контролните средби.
На првиот денешен натпревар на „Чајка“, Египет ја победи Грција со 3:1.
Македонската репрезентација утревечер од 20:15 часот ќе игра со Египет, додека во терминот 17:30 ќе се соочат Јапонија и Грција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.