Македонските кајакари денес ќе имаат настап на Светското првенство во Саберо, Шпанија.

Членот на Арка Борец од Велес, Љубомир Спасиќ информира за редоследот на натпреварите на Македонците на овој Мундијал.

За нас како најзначајна ќе биде дисциплината К1 мажи каде што прв ќе настапи Кристијан Лазаров во 11:12 часот. Веднаш по него втор натпреварувач кој ќе земе учество е Благој Гугинов во 11:14 часот, како трет наш претставник е Александар Златаров кој стартува во 11:15 часот и како последен сум јас со стартно време 11:21 часот, информира Спасиќ.

Вчера беше свечено отворање на Светското првенство.

Поврзани теми



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.