Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ го освои денеска бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и младинци кое се одржува во Венеција.
Стојановиќ во категоријата над 84 килограми за каратисти до 21 година во борбата за бронзениот медал беше поуспешен од Германецот Николаи Секот со 3-2.
Македонскиот каратист до бронзата дојде со пресврт, откако противникот водеше со 2-0.
На патот до медалот Стојановиќ забележа победи на Алишер Таижан, (1-0), Константин Ковуров (2-1) и Етан Смол (4-1), а неговата борба за пласман во финалето против Матео Анванзини заврши 3-3, но пласман во финалето обезбеди италијанскиот каратист поради правилото „прв освоен поен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.