Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на ждрепката на Олимписките игри во Париз.

Македонката за ривалка во првото коло ја доби двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка.

Борбата ќе се одржи утре околу пладне. За Рељиќ ова ќе биде деби настап на Олимпијадите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.