Лос Анџелес ремс на домашен терен на „СоуФај“ стадионот го победи Синсинати бенгалс со 23:20 во финалето на НФЛ одиграно пред 70 илјади гледачи. Резултатот по четвртини беше 7:3, 6:7, 3:10 и 7:0.
За Лос Анџелес ова е втор трофеј во Суперболот, во петтото финале. Овните“ претходно беа славеа во 1999 година.
Синсинати го загуби своето трето финале.
Примачот на ЛА ремс, Купер Кап, беше прогласен за МВП на финалето, со што стана осмиот играч на негова позиција што го добил признанието за најдобрар учесник на Суперболот.
Ова беше првиот Супербол во последните две години на кој беше дозволен максимален број навивачи, откако претходната сезона имаше ограничено присуство поради пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.