Најдобрата македонска тенисерк Лина Ѓорчевска а не успеа да ја оправда фаворитската улога како прва носителка и загуби од изненадувањето на турнирот, Романката Анка Тодони.
Анка вчера успеа да ја елиминира втората носителка во Хрватска, а денеска во Осијек беше подобра и од Лина со максимални 2:0 за еден час и 24 минути игра.
Мечот изобилуваше со брејк шанси и одземени сервиси на противничката, па тоа на крајот се покажа и како клучен сегмент во ова финале, во кое Романката беше поуспешна во клучните моменти .
Тодони направи еден брејк повеќе од Лина во првиот сет за 6:4, а иста беше ситуацијата и во вториот кој заврши со 6:3. Вкупно на мечот видовме десет брејка, од кои шест беа на страна на победничката, а четири на страна на Ѓорческа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.