Ема Наваро ја симна од тронот минатогодишната шампионка Коко Гоф во четвртото коло на УС Опен.
Тринаесетата носителка победи во американската пресметка против Гоф (бр.3) со 6:3, 4:6, 6:3 по повеќе од два часа игра.
Така, Наваро за првпат стигна до четвртфиналето во својот роден град Њујорк, повторувајќи го своето најдобро достигнување на Гренд слем турнирите од Вимблдон во јули.
Следен противник на Американката ќе биде бр.26 во шемата, Пола Бадоса (Шпанија), која убедливо се справи со Кинеската Јафан Ванг со 6:1, 6:2 и исто така првпат е во четвртфиналето на Флешинг Медоус и вторпат на Гренд Слем по Ролан Гарос во 2021 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.