Норвежанецот Мариус Линдвик го освои златото во скијачки скокови на големата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг. За 23-годишниот Линдвик ова е прв златен олимписки медал во кариерата.

Ова е осми златен медал за Норвешка на ЗОИ 2022 за лидерско место во поредокот на медалистите.

Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој победи на помалата скокалница, го освои сребрениот медал, додека Германецот Карл Гајгер ја освои бронзата.

Резултати на најдобрите тројца во ски-скокови К-125 индивидуална конкуренција:

Мариус Линдвик (Норвешка) – 296,1 бодови (140,5 и 140 метри)

Рјоју Кобајаши (Јапонија) – 292,8 (142 и и 138)

Карл Гајгер (Германија) – 281,3 (138 и и 138). зс/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.