Откако на последниот ден од Параолимписките игри во Париз се одржаа маратонски трки во сите четири категории, познат е и конечниот пласман на освоени медали.
Најуспешни се Кинезите со 220 медали од кои 94 златни, 76 сребрени и 50 бронзени медали.
Втори се Британците со 124 медали, од кои 49 златни, 44 сребрени и 31 бронзени.
Американците се трети со 36 златни, 42 сребрени и 27 бронзени.
Единствен македонски претставник на Параолимписките игри во Париз беше Оливера Наковска – Бикова, која го заврши настапот со две осми и едно 17–то место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.