Српската полиција потврди дека загинале осум деца и еден чувар, кога 14-годишен ученик влегол вооружен во белградско училиште и почнал да пука. Многумина се ранети, а ученикот е уапсен. Меѓу жртвите е и Е.К, ќерката на познатиот српски одбојкар и тренер Драган Кобиљски.
Кобиљски во кариерата настапуваше за Партизан, а подоцна ја водеше и Црвена звезда. Да потсетиме, за деталите од масакрот на прес-конференција извести Веселин Милиќ, началник на белградската полиција. Тој вели дека помошникот директор пријавил дека едно дете влегло во училиштето со огнено оружје и пукало.
Тогаш се јавило самото момче и кажало дека пукал во неколку луѓе. По доаѓањето на местото на настанот, полицијата утврдила дека момчето убило осум ученици, седум девојчиња и едно момче. Милиќ ги навел и нивните иницијали и датуми. Загинал и еден вработен во обезбедувањето. Повредени се уште шест ученици и еден наставник, информира Милиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.