Српските ракометари вечерва играат против Франција во решавачкиот натпревар на Европското првенство во Сегед.цСрбија во саботата беше поразена од Хрватска а пласман во втората фаза може да обезбеди доколку ја победи Франција со два или повеќе разлика.

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Тони Џерона, изјави дека сите во тимот мора да се фокусираат на натпреварот против Франција и дека ќе се обидат да победат со доволна разлика, што би гарантирало пласман во втората фаза од Европско првенство.

„Мораме да продолжиме да работиме според планот што го започнавме и штета што ја пропуштивме можноста да се сретнеме во следната фаза од натпреварувањето, да добиеме повеќе искуство, повеќе натпревари значи повеќе искуство. Мораме да дадеме сто проценти од себе на мечот со Франција и ладни глави да го направиме тоа што треба да го направиме“, изјави Џерона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.